ИНФОРМАЦИЈА (07.05.2021)

СПРОВЕДЕНА ПРВА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНАТА ЛАРВИЦИДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ЛАРВЕНИТЕ ФОРМИ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА БИТОЛА ВО 2021 ГОДИНАСогласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола и оваа година ќе спроведе превентивна ларвицидна теристичка дезинсекција во две фази на територијата на Општина Битола. Првата фаза од оваа превентивна мерка, насочена кон ларвените форми на комарците, се реализира на ден 06.05.2021 год. од страна на тим на Центарот за јавно здравје – Битола со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со ларвицидната дезинсекцијата беа опфатени застојните води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали во градското подрачје и периферијата на градот кои се мапирани на теренот како потенцијални жаришта и места за развој на ларвените облици на комарците предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола.Третирањето ќе се изведува со високо селективен биоцид на база на микрокапсулиран S-methopren како активна супстанца наменет за уништување на ларви на комарецот од типовите Aedes I Culex (во 2 и 3 ларвен стадиум).Со информации за активностите од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Битола беа известени надлежните институции, медиумите, здруженијата на пчеларите и локалната самоуправа.Согласно планот и програмата во периодот кој следи ЈЗУ ЦЈЗ Битола ќе спроведе и четири адултицидни третирања за уништување на комарците.Битола, 06.05.2021годинаЈЗУ ЦЈЗ Битола