Известување за третата фаза од систематската дезинсекција против комарци во Општина Битола
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола ја известува јавноста дека во периодот од 4 до 8 август 2026 година, во термин од 21:00 до 04:00 часот, ќе се спроведе третата фаза од превентивната систематска дезинсекција за уништување на возрасни форми на комарци на подрачјето на Општина Битола.
За спроведувањето на активностите од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола се известени сите надлежни институции. Доколку се појават неповолни временски услови (ветер или дожд), дезинсекцијата ќе биде одложена и ќе се спроведе во првиот нареден ден со поволни временски услови.
За дополнителни информации и прашања, граѓаните можат да се обратат на телефонските броеви 047 208-100 и 047 208-120.
