Отсек за заразни болести и имунизација

Отсекот за заразни болести и имунизација ги спроведува следниве мерки и активности:

  1. Собирање, обработка и анализа на пријавени заразни заболувања и нивни причинители, проценка на ризик и препорачување на мерки, подготовка на извештаи и активности по Националната програма за јавно здравје (НПЈЗ);
  2. Рано известување и предупредување преку следење на синдроми на заразни болести (АЛЕРТ- систем);
  3. Контрола и евалуација на задолжителната вакцинација, препораки за подобрување на опфатот и постигнување на целите елиминација/ ерадикација на вакцино-превентабилни болести;
  4. Одржување на резултатите постигнати со ерадикација на детска парализа преку активен надзор над АФП;
  5. Спроведување на активности за елиминација на мали сипаници и рубеола во Р. С. Македонија;
  6. Спроведување на вакцинација по епидемиолошки индикации;
  7. Рано откривање и одговор на кластери и епидемии предизвикани од заболувања кои се пренесуваат преку храни и вода;
  8. Рано откривање и контрола на болнички стекнати инфекции;
  9. Превенција на крвно-преносливи заболувања – хепатитис Б и Ц;
  10. Подобрување на системот за надзор над сексуално преносливи инфекции;
  11. Воспоставување на систем за превенција и контрола на зоонози и вектор преносливи заболувања;
  12. Зајакнување на системот за надзор и одговор кон заболувања слични на грип и акутни респираторни инфекции;
  13. Рана детекција и одговор кон појава на нови и заразни болести кои повторно се јавуваат;
  14. Обезбедување на 24/7 тимови за брз одговор во случај на епидемии и кризни состојби;
  15. Континуирана здравствено-воспитна и едукативна дејност во врска со спречувањето и сузбивањето на заразните болести;
  16. Активности кои се спроведуваат во врска со превенција и сузбивање на КОВИД-19;
  17. Активности за испитување на појава, спречување и сузбивање на бруцелоза кај луѓето;
  18. Активности за заштита на населението од ХИВ/СИДА;