Акредитација

Следејки ги тенденциите во процесите на стандардизција на глобално ниво. Поаѓајки од  улогата на ЦЈЗ во организацијата и квалитетот на здравствената заштита на регионот на кој делува. Менаџерскиот тим на ЦЈЗ Битола донесе одлука за отпочнување процесите на стандардизација и акредитација. Така установата во 2008 година се стекна со стандардот ISO 9001:2000 за управување со квалитет и акредитација MKC EN ISO/IEC 17025:2018 за квалитет во лабораториите, за санитарна микробиологија и санитарна хемија со токсикологија.
 

Сертификати

ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола успешно го заврши процесот на сертификација според два меѓународни стандарди – ISO 9001:2015 (02.11.2026) датум на сертификација, систем за управување со квалитет, и ISO 14001:2015 (02.11.2026) датум на сертификација, систем за управување со животна средина. Со ова, установата се приклучува кон мрежата на здравствени институции кои своето работење го усогласуваат со најсовремените светски практики за квалитет и одговорност.

Што значи ова за граѓаните?

Системот за управување со квалитет (ISO 9001:2015) значи дека секоја услуга во Центарот се спроведува според стандардизирани процедури и протоколи, кои подлежат на редовни интерни проверки и континуирано подобрување. За граѓаните тоа значи јасно дефинирана одговорност на секое ниво од процесот за секоја услуга.

Системот за управување со животна средина (ISO 14001:2015) потврдува дека установата применува одржливи практики во управувањето со отпад, потрошувачка на ресурси и намалување на еколошкиот отпечаток – што значи поздрава животна средина за целата заедница во Битола и околните општини.