ДДД активности

Превентивната дезинфекција, дезинсекција и дератизација претставуваат општи мерки за заштита на населението од заразни болести

  • Превентивната дезинфекција дезинсекција и дератизација е задолжителна во здравствените установи, училишни и предучилишни установи, социјални установи, угостителски објекти и јавни објекти. (аеродроми, станици, пазари и сл), како и во објекти за производство, промет и складирање на храна.
  • Со овие мерки се задолжени сите правни и физички лица кои управуваат со објекти под санитарен надзор.
  • Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести превентивната дезинфекција се врши на секои 6 месеци, а дезинсекцијата и дератизацијата најмалку еднаш годишно.

ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола e регистрирана институција за вршење на ДДД активности

Отсекот за планирање, спроведување, следење и контрола на ДДД со својот стручен тим-доктор специјалист по епидемиологија и едуцирани техничари, како и софистицирана опрема врши:

  • Превентивна дезинфекција дезинсекција и дератизација.
  • Врши планирање, контрола и надзор над изведувањето на ДДД активностите.
  • На барање на клиентите изготвува План и програма за вршење на ДДД активности според принципите на ISO и HACCP стандардите.
  • Издава сертификат за извршената ДДД услуга.