СООПШТЕНИЕ

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Новаци за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Новаци како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола го издава следново соопштение:                                         

* Во деновите 19.07.2023 (среда) и 20.07.2023 (четврток), екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведуваат ВТОРАТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на возрасните форми на комарците. 

                                                  

* Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19:00 до 02:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи  друго возило означено со ротационо светло. 

                                                  

* Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на река Црна, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Новаци, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

                                                  

* Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

                                                  

* Со информации за активностите од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Битола известени се и медиумите, здруженијата на пчеларите,  здравствените институции, локалната самоуправа и други институции.

                                                  

* Со цел избегнување на несакани последици, се информираат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.

                                                  

* Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.  

                                                  

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје Битола 047 208-100, 047 208-120.                

               ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола