ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ПРЕДСТОЈНАТА ПРЕВЕНТИВНА ЛАРВИЦИДНА
ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ЛАРВИТЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА
ОПШТИНА БИТОЛА И ОПШТИНА НОВАЦИ
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола и Советот на Општина Новаци за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола и на територијата на Новаци, како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола го издава следново соопштение:
Ве известуваме дека на ден:
–26.05.2026 год. (вторник) во Битола и
–27.05.2026 год. (среда) во Новаци
екипа на Центарот за јавно здравје – Битола ќе спроведува ЛАРВИЦИДНАТА ПРЕВЕНТИВНА теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвните облици на комарците. Запрашувањето ќе се врши во предпладневните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојни води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола и Општина Новаци.
Со информации за активностите од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Битола известени се сите надлежни институции. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047 208-100 и 047 208-120.
Со почит,
ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола
