ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ВОНРЕДНА ЛАРВИЦИДНА И АДУЛТИЦИДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА БИТОЛА

 

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на Одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола, како општа противепидемиска мерка, а согласно укажаната епидемиолошка состојба и потребата од преземање дополнителни противепидемиски мерки, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола го издава следново соопштение:

На ден 19.08.2026 година (среда), во претпладневните часови, екипа на Центарот за јавно здравје – Битола ќе спроведе ВОНРЕДНА ЛАРВИЦИДНА ПРЕВЕНТИВНА теристичка (од земја) дезинсекција, со цел уништување на ларвните облици на комарците. Третирањето ќе се врши со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.

Со вонредната ларвицидна дезинсекција ќе бидат опфатени застојни води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали во градското подрачје и периферијата на градот, кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на ларвните облици на комарците, согласно оперативниот план и програмата доставени до Општина Битола.

Дополнително, во периодот од 23.08.2026 година (недела) до 27.08.2026 година (четврток), во периодот од 21:00 до 04:00 часот, ќе се спроведува ЧЕТВРТАТА ВОНРЕДНА ФАЗА од АДУЛТИЦИДНАТА теристичка (од земја) дезинсекција, со цел уништување на возрасните форми на комарците.

Со адултицидната дезинсекција ќе бидат опфатени зелените површини на целото градско подрачје и периферијата на градот, согласно оперативниот план и програмата доставени до Општина Битола.

Третирањето ќе се изведува во вечерните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило означено со ротационо светло.

Се информираат пчеларите да преземат навремени превентивни мерки за заштита на пчелните семејства, со цел избегнување на несакани последици.

Во случај на појава на неповолни временски услови, како што се ветер или дожд, дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден.

За сите дополнителни информации и прашања, граѓаните можат да се обратат на телефоните на Центарот за јавно здравје – Битола: 

047/208-100 и 047/208-120.

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола