Информација за вакцинацијата против сезонски грип

ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола Ве информира дека вакцинацијата против сезонски грип во Битола веќе втора недела се одвива непречено и без поголеми проблеми. Обезбедени се доволни количини на вакцини и во проектот “бесплатни вакцини” на Министерството за здравство кои се наменети за лица постари од 65 години со просечна и подпросечна пензија, како и лица кои не примаат пензија, и во делот на вакцини наменети за останати категории на граѓани како: пензионери постари од 65 години со повисока пензија од просечната, како и лица помлади од 65 години со некое хронично заболување.

Првите денови кога почна вакцинацијата заради огромниот интерес  на населението и доаѓање на голем број заинтересирани во исто време, дел од истите беа вакцинирани истиот ден, а дел беа презакажувани во наредните денови. Нагласуваме, дека ниту едно лице кое дошло кај нас да се вакцинира, не е одбиено.

gty_flu_vaccine_lpl_121120_wmain

До денес, заклучно со 14.11.2018 година на ниво на регион вакцинирани се вкупно 3736 лица од кои 2158 со плаќање и 1578 бесплатно.

Планираните 6800 вакцини за оваа сезона 2018/2019 сметаме дека ќе бидат доволни да ги задоволат потребите на сите заинтересирани, и во делот на бесплатните и во делот на вакцините со плаќање.

 

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *