ИНФОРМАЦИЈА - ПРЕВЕНТИВНА ЛАРВИЦИДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ЛАРВИТЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА БИТОЛА

 Ве известуваме дека на ден 22.05.2025 год. (четврток) екипа на Центарот за јавно здравје – Битола ќе спроведува ЛАРВИЦИДНАТА ПРЕВЕНТИВНА теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвните облици на комарците. Запрашувањето ќе се врши во предпладневните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојни води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали во градското подрачје и периферијата на градот кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. 

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047 208-100. 

Со почит,

ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола