ИНФОРМАЦИЈА: ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА – ОПШТИНА БИТОЛА

Се известуваат граѓаните дека од 21.09.2026 до 09.10.2026 год., ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола ќе спроведе втора фаза од дератизацијата (поставување отровни мамци против глодари).

Со дератизацијата ќе бидат опфатени:

  • Подземниот канализационен систем со ревизионите и прифатните шахти во сите реони на градот;
  • Прифатниот канализацијски систем во околината на објекти од посебен јавен интерес: детски градинки, основни, средни и високо образовни институции, домови за сместување и престој на ученици и студенти, домови за сместување на стари и изнемоштени лица, домови за деца без родители и за деца со посебни потреби, медицински установи, јавни претпријатија, банки, објекти од областа на културата, објекти на локалната самоуправа и др.;
  • Прифатен канализационен систем на колективните станбени објекти во наведените локации;
  • Дератизација на јавната депонија Мегленци и диви депонии во градот.

Што треба да направат граѓаните:

  1. Да им овозможат непречен пристап на екипите до шахтите.
  2. За време на третманот, да не пристапуваат до означените и заштитени локации каде се поставуваат мамците.
  3. Строго е забрането допирање, поместување или отстранување на мамците.
  4. Домашните миленици треба да се држат подалеку од местата третирани со мамци.
  5. Отпадот од домаќинствата да се фрла исклучиво во контејнерите, а не околу нив.
  6. Ако забележите мртов глодар, не го допирајте и не го отстранувајте сами – пријавете во отсекот за ДДД при ЦЈЗ Битола.

Ако горенаведените мерки не се почитуваат, ЦЈЗ Битола не презема одговорност за евентуални несакани последици.

Контакт за прашања: 047 208-100 / 047 208-120