Микробиологија
Одделение за микробиологија со паразитологија
Одделението за микробиологија со паразитологија функционира во рамките на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола. Се врши јавно здравствена и специјалистичка микробиолошка дејност за потребите на населението во регионот на Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар. Микробиолошката дејност во рамките на своето делување ги обавува следните задачи:
Поставување на етиолошка дијагноза на заразните заболувања, испитување на антибиотска осетливост на изолираните причинители на заразните заболувања (антибиограм, Е-тест, Vitek апарат).
Микробиолошки и паразитолошки анализи за ретроспективни епидемиолошки испитувања.
Контрола на преземени мерки на стерилизација, имунизација, ефекти од лекување и др.
Микробиолошки прегледи на лица кои доаѓаат од земји каде што има присуство на преносливи болести како што се: маларија, колера, како и други заболувања за кои испитувањата се задолжителни со закон.
Обезбедува вирусолошка дијагностика на одделни заразни заболувања, како и дијагностика при епидемиолошки испитувања.
Лабораторијата за молекуларна микробиологија детектира присуство на 14 и 21 високоризични типови на HPV, Мултиплекс Полимеразна верижна реакција за детекција на 21 респираторни вируси, детекција на ДНК на T. vaginalis, N. gonorrhoeae, C. Trachomatis, Полимеразно верижна реакција во реално време (Real time PCR) – квалитативен за детекција на COVID-19 (SARS-CoV-2).
Микробиолошка контрола на лица кои што работат во производство и промет со животни намирници и снабдување на населението со вода за пиење, како и други лица предвидени со закон.
Микробиолошки испитувања на вода за пиење, површински води, животни намирници, предмети за општа употреба и работни услови за производство и промет на животни намирници.
Микробиолошки услуги
Отсеци
- Отсек за бактериологија со паразитологија.
- Отсек за имунологија со молекуларна дијагностика.
- Отсек за санитарна микробиологија.
- Отсек за микробиологија со паразитологија со седиште во Кичево.