НАССР

HACCP ( Hazard Analysis and Critical Control Point), претставува систем со чија помош се врши идентификација, проценка и контрола на опасностите што се значајни за безбедноста на храната.

Здравствената исправност, квалитетот и хранителната вредност на прехранбените производи се значајни компоненти за одржување на довербата кај потрошувачите.

Одговорноста за безбедноста на храната е кај производителите, преработувачите на храна и лицата кои учествуваат во прометот на храната. Раководниот тим кој управува со производството на храна има обврска да ги создаде сите услови во производството од кои ќе произлезат безбедни производи. Тие услови се Добра хигиенска пракса, Добра производна пракса, Добра земјоделска пракса како и системот HACCP.

Успешната апликација на HACCP системот бара целосна посветеност и вклучување на менаџментот на фирмата и мултидисциплинарен пристап.

 

ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола дава стручна и компетентна помош за имплементација на HACCP систем на контрола во објектите што вршат производство и промет со прехрамбени производи. Видете промотивен материјал за HACCP

Примената на HACCP системот се спроведува преку исполнување на 5 задачи и 7 принципи, кои се дадени во логичен редослед:

Задача 1 – Формирање на HACCP тим

Задача 2 – Опис на производот и процесот

Задача 3 – Идентификација на намената и начинот на употребата на производот

Задача 4 – Конструкција на дијаграм на текот на производството

Задача 5 – Потврда на дијаграмот на тек на лице место

Задача 6 – Листа на сите можни опасности, анализа на опасностите и утврдување контролни мерки /Принцип 1

Задача 7 – Одредување критични контролни точки / Принцип 2

Задача 8 – Воспоставување критични лимити за секоја ККТ / Принцип 3

Задача 9 – Воспоставување на мониторинг систем за контрола на ККТ / Принцип 4

Задача 10 – Воспоставување корективни мерки за потенцијални отстапувања / Принцип 5

Задача 11 – Воспоставување процедури за верификација / Принцип 6

Задача 12 – Воспоставување евиденција и документација / Принцип 7

Секое правно или физичко лице кое се занимава со производство и промет со храна треба да обезбеди обука на вработените лица. Несоодветната обука или недостигот од надзор на вработените кои ракуваат со храна може да биде причина за случајна контаминација на храната, неточно формулирање или несоодветна преработка на храната. Затоа треба да постојат записи како доказ за реализираните активности согласно општите барања за хигиена.

♦ Чистење и дезинфекција и контрола на санитацијата;

♦ Верификација (проверка) на програмите за чистење;

♦ Проверка на возилата за испорака;

♦ Проверка на проточната вода онаму каде има таква постапка;

♦ Проверка на сировините вклучувајќи го и пакувањето;

♦ Услови за складирање на прехранбените производи;

♦ Контрола на штетници;

♦ Проверка на опремата која се користи за детекција или отстранување на туѓи тела;

♦ Превземени корективни постапки и што се случува со храната која не ги задоволува барањата од спецификацијата;

♦ Одржување на опрема