Отсек за заразни болести и имунизација
Отсекот за заразни болести и имунизација ги спроведува следниве мерки и активности:
- Собирање, обработка и анализа на пријавени заразни заболувања и нивни причинители, проценка на ризик и препорачување на мерки, подготовка на извештаи и активности по Националната програма за јавно здравје (НПЈЗ);
- Рано известување и предупредување преку следење на синдроми на заразни болести (АЛЕРТ- систем);
- Контрола и евалуација на задолжителната вакцинација, препораки за подобрување на опфатот и постигнување на целите елиминација/ ерадикација на вакцино-превентабилни болести;
- Одржување на резултатите постигнати со ерадикација на детска парализа преку активен надзор над АФП;
- Спроведување на активности за елиминација на мали сипаници и рубеола во Р. С. Македонија;
- Спроведување на вакцинација по епидемиолошки индикации;
- Рано откривање и одговор на кластери и епидемии предизвикани од заболувања кои се пренесуваат преку храни и вода;
- Рано откривање и контрола на болнички стекнати инфекции;
- Превенција на крвно-преносливи заболувања – хепатитис Б и Ц;
- Подобрување на системот за надзор над сексуално преносливи инфекции;
- Воспоставување на систем за превенција и контрола на зоонози и вектор преносливи заболувања;
- Зајакнување на системот за надзор и одговор кон заболувања слични на грип и акутни респираторни инфекции;
- Рана детекција и одговор кон појава на нови и заразни болести кои повторно се јавуваат;
- Обезбедување на 24/7 тимови за брз одговор во случај на епидемии и кризни состојби;
- Континуирана здравствено-воспитна и едукативна дејност во врска со спречувањето и сузбивањето на заразните болести;
- Активности кои се спроведуваат во врска со превенција и сузбивање на КОВИД-19;
- Активности за испитување на појава, спречување и сузбивање на бруцелоза кај луѓето;
- Активности за заштита на населението од ХИВ/СИДА;