Глобалната тема за Денот на планетата Земја, 22 Април 2024 година е „Планета наспроти пластика“.

Оваа тема ги обединува сите, студентите, родителите, бизнисите, владите, црквите, синдикатите, поединците и невладините организации во непоколебливата посветеност да повикаат на крај на пластиката за доброто на здравјето на луѓето и планетата. 

Целта е да се постигне 60% намалување на производството на пластика до 2040 година и на крајот да се изгради иднина без пластика за генерациите што доаѓаат. 

Секој пластичен материјал фрлен во околината со текот на времето се претвора во микропластика, а потоа се распаѓа во уште помал облик – нанопластика.

Пластиката не само што претставува закана за животната средина, туку и го загрозува здравјето на луѓето. Како што пластиката се распаѓа во микропластика, тaa ослободува токсични хемикалии во нашата храна, вода и воздух. Ајде да дејствуваме сега за да ја заштитиме природната убавина на нашата планета и здравјето на сите живи суштества.

Токсичноста на микропластичните честички зависи од нивната големина, површина и облик. Честичките поголеми од 150 микрометри обично не се апсорбираат во телото, но се излачуваат по ингестијата. Но, помалите микропластики можат да станат дел од крвотокот и да се акумулираат во внатрешните органи на една личност. Влијанието на површината и обликот врз токсичноста на микропластичните честички е голема непозната за научниците.

Потребата Светската здравствена организација (СЗО) да и се обрати на јавноста со официјален извештај за микропластиката ја покажува сериозноста на еколошката состојба поврзана со пластиката. СЗО официјално проговори за проблемот со микропластиката во животната средина. Беше објавен извештај со наслов „Микропластика во водата за пиење“, во кој експертите на СЗО ги оценуваат достапните податоци за штетноста на микропластиката по здравјето на луѓето. Извештајот се заснова на научна публикација, потпишана од соработници на СЗО, која претставува мета-анализа на сите релевантни истражувања за односот помеѓу микропластиката, животната средина и здравјето (Water Research 2019, 155, 410).

Во извештајот на СЗО за микропластика се провлекуваат важни пораки:

– Ризикот по здравјето поради пластичното загадување на водата за пиење не е доволно познат, научните податоци и резултатите од многу студии не се доволно квалитетни и, конечно, потребни се нови истражувања. За  проценка нa за влијанието на микропластиката врз здравјето биде  јасна и веродостојна, потребни се силни научни аргументи,без кои не може да се донесат заклучоци за безбедноста или штетата на микропластиката. Единствената точна порака од експертите на СЗО е дека се потребни дополнителни истражувања.

Експертите од СЗО признаваат дека присуството на нанопластика во животната средина и човечкото тело и ефектите врз здравјето на луѓето се целосна непозната. Аналитички методи за мерење и докажување нанопластични честички во околината или во биолошките примероци всушност не постојат. Покрај тоа што е невидлива со голо око, нанопластиката во моментов е недостапна за научните инструменти. Она што е познато е всушност парадоксално – најмалите нанопластични честички имаат најголема активна површина и затоа се најбиохемиски и биолошки активни.

Микропластиката е насекаде, вклучувајќи го воздухот што го дишеме, облеката што ја носиме, храната што ја јадеме и водата што ја пиеме. Тоа е дел од поширокиот проблем со пластичниот отпад, еден од главните предизвици за одржливост со кој се соочува општеството денес. Некои научници сугерираат дека микропластиката може да предизвика оксидативен стрес во нашите клетки, што може да доведе до оштетување на клетките и ткивата. Исто така, постои страв дека микропластиката може да предизвика воспалителни процеси.

Правна дефиниција на ЕУ за микропластиката

ЕУ законски ја дефинира микропластиката во Регулативата REACH (GO (EC) бр. 1907/2006). Грубо кажано, дефиницијата вклучува небиоразградливи, синтетички микрочестички со големина не поголема од 5 mm, како и микровлакна со должина не поголема од 15 mm, кои се цврсти и нерастворливи.

Постојат два вида микропластика: примарниот тип на микропластика А се индустриски произведени супстанции. Микропластиката и другите небиоразградливи, синтетички полимери се користат во производите со цел да им се дадат одредени својства. Во козметиката, средствата за перење и чистење преземаат важни функции за безбедноста и перформансите на производот, како што се:

подобра отпорност на вода (заштита од сонце)

подобар ефект на зацврстување (производи за стилизирање на косата)

против прекумерно пенење/губење на бојата на текстилот (детергенти)

ефект на нечистотија на површини (чистачи за стакло)

Од друга страна, примарниот тип на микропластика Б, се создава само при употреба, на пр. абразија на гума или синтетички влакна за време на миењето. Според Frauenhofer-Institut UMSICHT, абразијата на гумите е квантитативно најголемиот извор за примарна микропластика во околината.

Секундарната микропластика, од друга страна, се создава кога поголеми парчиња пластика се распаѓаат во околината. Примери за тоа се пластичните кеси кои пловат во морето или рибарските мрежи кои механички се кршат со текот на времето поради временските услови.

„Формула без микропластика“ представува  проширено и построго ветување. 

 За да се користи ознака, „Рецепт без микропластика“, треба да се оди чекор подалеку од дефиницијата на ЕУ и да се исклучат и  другите небиоразградливи, чисто синтетички полимери, кои можат да бидат растворени или течни , кои можат да бидат во цврста или дисперзирана состојба или во форма на гел.Со производство и избирање на производ со ознака „Рецепт без микропластика“, можете да се придонесе за намалување на оптоварувањето на микропластиката врз животната средина и едноставно да се даде важен придонес во заштитата на луѓето, животните и природата.

Пластиката е одличен материјал по своите својства и денес е тешко да се замисли животот без неа. Пластиката како материјал не е виновна, туку луѓето кои фрлаат пластика во околината и не ја собираат посебно. Мораме одговорно да управуваме со пластичниот отпад од три причини – да ја заштитиме животната средина, да ги зачуваме ресурсите (пластиката се произведува од нафта) и да се заштитиме самите. Да не ја фрламе искористената пластика, а со намалувањето на употребата на истата ќе ѓи заштедиме ресурсите. 

Заштитата на нашата планета е многу важна за нас. Затоа, една од нашите најважни задачи е да направиме нешто да ѓи заштитиме од масовното загадување, нашата животна средина и океаните со пластичен отпад. 

Но,не постои едноставно решение за пластиката. За да можеме да решиме толку сложен проблем, постојат повеќе  области на активност . Секогаш кога е можно и одржливо, да ја напуштиме  употребата на пластика. На пример, со нашите торби  за повеќекратна употреба за овошје и зеленчук, создаваме одржлива алтернатива на многу лесните пластични кеси за една употреба.

Дали знаевте дека секој ден околу 100 милиони пластични шишиња завршуваат во ѓубрето, а повеќето од нив не можат да се разложат во природата? Дали знаете дека една пластична кеса за еднократна употреба се користи во просек по 12 минути, по што се фрла? Брзо исфрлaње  на целата пластика за еднократна употреба до 2030 година, e обврска во Договорот на Обединетите нации за загадување со пластика до 2024 година.

Битни чекори се и: Обраќање до брзата мода со политики за ставање крај на огромното количество пластика произведена и користена во брзата модна индустрија како и инвестирање во иновативни  технологии и материјали за да создавање свет без пластика.

Изработил:

Др.Марија Врчковска

 -спец. по социјална медицина, ЦЈЗ Битола