Светска недела на имунизација 24 – 30 април
Вакцините спасуваат животи – за секоја генерација
Секоја година, во последната недела од април, светот ја одбележува Светската недела на имунизација – глобална иницијатива предводена од Светска здравствена организација со цел да се подигне свеста за значењето на вакцините во заштита на здравјето на луѓето од сите возрасти.
Темата за 2026 година е: „За секоја генерација – вакцините делуваат“ со јасна порака дека имунизацијата е една од најголемите придобивки на модерната медицина и основа на здраво опшество.
Зошто имунизацијата е толку важна?
Вакцините се едни од најмоќните алатки во јавното здравје. Благодарение на нив:
- Се спречуваат 3,5 до 5 милиони смртни случаи годишно од болести како што се дифтерија, тетанус, пертусус, морбили, грип;
- Во последните 50 години спасени се над 154 милиони животи – тоа се околу 6 животи во минута;
- Имунизацијата придонела за 40% подобрување на преживувањето кај новороденчињата;
Вакцините денес штитат од повеќе од 30 опасни болести, овозможувајќи подолг и поквалитетен живот. И покрај напредокот, недоволниот опфат со вакцинација и дезинформациите остануваат предизвик, што може да доведе до повоторна појава на веќе контролирани болести.
Придобивки за поединецот и заедницата
Имунизацијата не штити само индивидуално, таа создава колетивна заштита:
- Го намалува ширењето на заразни болести;
- Ги штити најранливите групи (бебиња, деца, возрасни лица, хронично болни, бремени жени);
- Спечува појава на епидемии;
- Го намалува товарот врз здравствениот систем;
Секој вакциниран поединец придонесува за поздрава и побезбедна заедница.
Предизвици – зошто е важно да продолжиме:
- Милиони деца се уште пропуштаат редовна имунизација;
- Дезинформациите и недовербата доведуваат до повторна појава на болести кои веќе речиси се искоренети;
- Околу 1 до 5 деца во светот немаат пристап до основни вакцини;
Затоа, оваа недела е потсетник дека имунизацијата е заедничка одговорност.
Цел на кампањата
Со цел да се подигне свеста дека вакцините ги штитат луѓето низ генерации, Светската недела на имунизација 2026 има за цел:
- Да покаже како имунизацијата безбедно и ефикасно ги штити генерациите од опасни болести, благодарение на одлуките на поединците и семејствата да се заштитат себеси и другите.
- Да ги зајакне капацитетите на здравствените работници со знаења и алатки за јасна, разбирлива и емпатична комуникација за вакцините;
- Поддршка на семејствата кои имаат дилеми или прашања и градење доверба во нивните одлуки;
- Да го унапреди разбирањето на јавноста за научните основи на безбедноста и ефикасноста на вакцините;
- Да ја нагласи заедничката одговорност за заштита на идните генерации преку континуирани инвестиции, истражувања и еднаков пристап до вакцини.
Порака до граѓаните
Вакцинацијата е безбедна, ефикасна и научно докажана мерка за заштита од сериозни заболувања. Таа не е само личен избор, таа е одлука со која се штити целото опшество.
- Проверете го Вашиот вакцинален статус;
- Вакцинирајте ги децата согласно календарот за имунизација;
- Консултирајте се со здравствен работник за сите прашања;
- Информирајте се од официјални здарвствени институции.
Вашата одлука прави разлика. Вакцините делуваат.
Улогата на ЈЗУ Ценатр за јавно здравје Битола
Центарот за јавно здравје активно се приклучува кон одбележувањето на Светската недела на имуниазција, со цел подигање на свеста за значењето на вакцинацијата како најефикасна мерка за превенција од заразни болести. Воедно, Ценатарот:
- Спроведува имунизација по епидемиолошки индикации, при зголемен ризик од појава или ширење на заразни болести;
- Учествува во активности за превенција, следење и контрола на заразни заболувања;
- Клучна улога во следење и унапредување на имунизација.
Овие активности се клучни за навремена заштита на населението и спречување на епидемии.
Заклучок
Светската недела на имунизација е повик за акција за поединици, здравствени работници и институции. Со заеднички напори можеме да обезбедиме секое дете, секој возрасен и секоја генерација да биде заштитена од болести кои може да се спречат со имунизавија.
Да изградиме иднина каде здравјето е достапно за сите – преку имунизација.
