Светски ден без употреба на тутун
Светската здравствена организација во 1988 година со усвоена Резолуцијата WHA42.19 [1], повикува на одбележување на Светскиот ден без тутун секоја година на 31 мај. [2]
По повод Светскиот ден без употреба на тутун – 31 Мај 2026, чија тема оваа година е:
„Разоткривање на привлечноста – спротивставување на зависноста од тутун и никотин“
Оваа година, кампањата по повод Светскиот ден без тутун (WNTD) има за цел да ги разоткрие стратегиите што ги користат тутунската и никотинската индустрија за да ги направат нивните штетни производи привлечни, особено за младите луѓе.
Нивни чести тактики вклучуваат:
- Ароми и додатоци: Подобрување на вкусот и прикривање на острината на тутунот за да се зголеми неговата привлечност;
- Залажувачки дизајн на производи: Креирање производи што личат на слатки или играчки, со што директно се таргетираат деца и адолесценти;
- Насочено маркетирање: Користење на модерен дизајн, привлечна амбалажа и дигитални кампањи за гламуризирање на штетни производи, со цел да се привлече вниманието на потрошувачите.
Овие тактики не само што го поттикнуваат започнувањето со користење на производите, туку и го отежнуваат процесот на откажување, со што се зголемува ризикот од зависност и долгорочни здравствени последици.
Покрај ароматизираните производи, сè поголемата достапност на додатоци за арома — како што се капсули, картички, филтер врвови и спрееви — претставува нов предизвик за јавното здравје. Овие додатоци често се пласираат на пазарот по воведувањето на забрани за ароми, со цел да се зголеми привлечноста на тутунските и никотинските производи, особено кај младите.
И покрај нивното влијание, додатоците за арома не се класифицирани како тутунски производи и затоа не се опфатени со постоечките регулативи за тутун. За да се реши ова регулаторно празнина, силно се препорачува носителите на политики да ги вклучат и додатоците за арома во сеопфатните забрани за ароми, како дел од пошироките напори за контрола на тутунот.
Употребата на тутун останува една од најголемите закани за јавното здравје, со над 8 милиони смртни случаи поврзани со тутунот секоја година, а контролата на тутунот продолжува да биде глобален здравствен приоритет. Пушењето претставува сериозен јавноздравствен проблем и во Р.С. Македонија, со загрижувачки висока стапка на пушење. Така, нашата земја е рангирана меѓу десетте земји во светот со највисока стапка на пушење, при што оваа стапка кај возрасните достигнува 48,4 проценти во 2019 година, што е значително повисоко од просекот во Југоисточна Европа (37,6 %), Европската Унија (18,4 %) и глобалниот просек (22,3 %). Голем број пушачи во Р.С. Македонија започнуваат со пушење на многу рана возраст, а 51,3 % од нив започнуваат меѓу 18 и 24 години. Дополнително, 44,4 % од сегашните пушачи консумираат повеќе од 20 цигари дневно (p.9). [3]
- Ширум светот 40 милиони адолесценти (на возраст од 13 до 15 години) користат тутун.
- Ширум светот 15 милиони адолесценти (на возраст од 13 до 15 години) веќе користат електронски цигари.
- Во земјите за кои има достапни податоци, адолесцентите имаат во просек девет пати поголема веројатност да користат електронски цигари од возрасните.[2]
Кампањата има за цел:
- Подигнување на свеста: Информирање на јавноста за тоа како тактиките на индустријата ја манипулираат надворешната појава и привлечноста на тутунските и никотинските производи.
- Залагање за промена на политиките: Воведување забрани за ароми, целосна забрана за рекламирање, промоција и спонзорство на тутунски производи, вклучително и на дигиталните платформи; како и регулирање на дизајнот на производите и нивната амбалажа со цел да се намали нивната привлечност.
- Намалување на побарувачката: Откривањето на овие тактики кои ги користи индустријата има за цел да ја намали побарувачката, особено кај младите и на тој начин да се намали нивната изложеност на никотин и тутунски производи.
ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола активно учествува во борбата за подигање на свеста и разобличување на тактиките кои ги спроведува тутунската индустрија, со цел намалување на бројот на корисници на тутунски производи. Мерки во форма на летоци и друг материјал, како и стручно едукативни предавања во училиштата во регионот на ЈЗУ ЦЈЗ Битола.
Во борбата против оваа зависност ЈЗУ Центар за јавно здравје ги повикува сите оние кои сакаа да се откажат од тутунските производи да го посетат Советувалиштето за одвикнување од пушење во склоп на центарот за јавно здравје. [4]
Референци
x
1. | World Health Organization (WHO). Resolution WHA42.19 [Internet]. [cited 2025 May 27]. Available from: https://iris.who.int/server/api/core/bitstreams/dbe14c75-53e5-476a-a472-52cc3915d24d/content. |
2. | World Health Organization (WHO). World No Tobacco Day [Internet]. [cited 2026 May 27]. Available from: https://www.who.int/campaigns/world-no-tobacco-day/2026. |
3. | Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија. Извештај од анализи на трошоци и придобивки во здравството поврзани со употреба на тутун и тутунски производи во Република Северна Македонија во 2024 [Internet].; Скопје: Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија; 2024 [cited 2026 May 27]. Available from: https://www.iph.mk/Upload/Documents/izvestaj%20trosoci%20od%20tutun.pdf. |
4. | ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола. Советувалиште за одвикнување од пушење [Internet]. [cited 2025 мај]. Available from: https://cjzbt.org.mk/%d1%81%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d1%88%d1%82%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d0%be%d1%82%d0%ba%d0%b0%d0%b6%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%be%d0%b4-%d0%bf%d1%83%d1%88%d0%b5%d1%9a/. |
x
