Светски ден на физичката активност – 10 мај
Светскиот ден на физичката активност, кој се одбележува на 10 мај, има за цел да ја подигне свеста за значењето на редовното движење како основа за добро здравје и квалитетен живот.
Во услови на современ, сè повеќе седечки начин на живот, физичката активност претставува еден од најважните фактори за превенција на хронични заболувања и одржување на менталната благосостојба. Според Светска здравствена организација, физичката активност опфаќа секое движење на телото кое троши енергија – вклучувајќи пешачење, спорт, работа во домаќинството и рекреативни активности. [1]
Препораките на Светска здравствена организација укажуваат дека:
- ВОЗРАСНИТЕ лица (150–300 минути неделно) треба да имаат најмалку
- 150–300 минути умерена активност тоа се активности каде што се движиш, но сè уште можеш да зборуваш пример: брзо одење, лесно возење велосипед, домашни работи, лесен фитнес [2]
или
- 75–150 минути интензивна активност (тука веќе дишењето е забрзано и зборувањето е потешко пример: трчање, аеробик, брзо пливање, спортови) [2]
- Практично:
- 30 минути брзо одење, 5 дена во неделата = доволно
- или 3 пати неделно по 25 минути трчање [2]
- ДЕЦАТА и МЛАДИТЕ (60 минути дневно)
- Секој ден (најмалку 60 минути движење, најчесто умерено до интензивно)
- Практично
- играње надвор
- трчање, фудбал, кошарка
- возење велосипед
- скокање, танцување
- Практично
- Важно
- барем 3 дена во неделата да има поинтензивни активности (трчање, спорт)
- да се вклучат и активности за јакнење на мускули и коски [2]
Редовната физичка активност придонесува за намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2, одредени видови рак, како и за подобрување на менталното здравје, когнитивните способности и квалитетот на спиењето. [3]
Важно е да се нагласи дека секоја активност е корисна – дури и умерено движење како брзо одење, возење велосипед или домашни активности може значително да го подобри здравјето. [1]
Овој ден нека биде потсетник дека грижата за здравјето започнува со мали чекори. Да избереме активен начин на живот, да се движиме повеќе и да вложиме во сопствената благосостојба.
- ЗАПОМНЕТЕ
- Не мора сè одеднаш – може да се подели во текот на денот (на пр. 3 × 10 минути)
- Секое движење се брои
- Подобро малку отколку ништо
- Континуитетот е поважен од интензитетот
ДВИЖИ СЕ ДЕНЕС – ЖИВЕЈ ПОЗДРАВО УТРЕ!
Референци
x
1. | World Health Organization. Physical activity [Internet].; Geneva: WHO [cited 2026 May 8]. Available from: https://www.who.int/health-topics/noncommunicable-diseases/physical-activity. |
2. | World Health Organization. Physical activity recommendations [Internet].; Geneva: WHO [cited 2026 May 8]. Available from: https://www.who.int/initiatives/behealthy/physical-activity. |
3. | World Health Organization. WHO guidelines on physical activity and sedentary behavior [Internet]. [cited 2026 May 8]. Available from: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/books/NBK566046/. |
x
