СООПШТЕНИЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ХЕПАТИТИС Б

ЗА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ

 

ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола ги известува здравствените работници кои претходно се имаат пријавено за вакцинација против Хепатитис Б дека во периодот од 09.03.2026 до 13.03.2026 година ќе се спроведува вакцинација во организација на Одделението по епидемиологија.

Вакцинацијата ќе се реализира во следните локации и термини:

Битола – Одделение по епидемиологија
📅 09.03.2026 – 13.03.2026 година
🕘 07:30 – 14:00 часот

Ресен – простории на Центар за јавно здравје во Ресен
📅 11.03.2026 година
🕘09:30 – 12:00 часот

Кичево – простории на Центар за јавно здравје во Кичево
📅 12.03.2026 година
🕘09:30 – 12:00 часот

Се известуваат сите претходно пријавени здравствени работници дека за вакцинацијата не се закажуваат поединечни термини, туку истите можат да се јават во наведениот временски период во соодветната локација и со себе да носат соодветна документација (здравствена легитимација).