Соопштение за спроведување на дезинсекција во Општина Битола и Општина Новаци
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола ја известува јавноста дека ќе спроведе превентивна ларвицидна терестрична (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвените форми на комарците, и тоа:
- 28.07.2026 година (вторник) – на подрачјето на Општина Битола;
- 29.07.2026 година (среда) – на подрачјето на Општина Новаци.
Третирањето ќе се врши во претпладневните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојни води, бари, мочурливи површини под вегетација и одводни канали на подрачјата на двете општини, кои се мапирани како потенцијални жаришта за развој на ларвените форми на комарците, согласно оперативните планови и програмите доставени до Општина Битола и Општина Новаци.
За планираните активности од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола се известени сите надлежни институции.
Доколку се појават неповолни временски услови (дожд или силен ветер), активностите ќе бидат одложени и реализирани во првиот нареден ден со поволни временски услови.
За дополнителни информации и прашања, граѓаните можат да се обратат на телефонските броеви 047/208-100 и 047/208-120.
Со почит,
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола
