Соопштение за спроведување на дезинсекција во Општина Битола
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола го издава следново соопштение:
• Во период од 15.07.2024 (понеделник) до 19.07.2024 (петок), во период од 21:00 – 04:00 часот, екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведуваат ВТОРАТА ФАЗА од АДУЛТИЦИДНАТА теристичка (од земја) дезинсекција, со цел уништување на возрасни форми на комарци.
• Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градско подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставена до Општина Битола.
• Третирањето ќе се изведува во вечерните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап – возило означено со ротационо светло.
• Со цел избегнување на несакани последици, се информираат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.
• Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
• За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047/208-100 и 047/208-120.
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола