СООПШТЕНИЕ за спроведување на дезинсекција во Општина Битола
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола ја информира јавноста дека во периодот од 01.05.2026 (петок) до 05.05.2026 година (вторник), на територијата на Општина Битола ќе се спроведе првата фаза од теристичка (од земја) дезинсекција, со цел уништување на возрасните форми на комарците.
Запрашувањето ќе се врши во периодот од 21:00 до 04:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Активностите ќе се реализираат во вечерните и ноќните часови, при што возилото ќе биде соодветно обележано со ротационо светло.
Со цел избегнување на можни несакани последици, се известуваат пчеларите навремено да преземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.
Во случај на неповолни временски услови (ветер или дожд), дезинсекцијата ќе биде одложена и спроведена во првиот нареден поволен ден.
За дополнителни информации, граѓаните може да се обратат на телефоните: 047 208-100 и 047 208-120.
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола
