Специјалисти доктори од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола, од областа на епидемиологија, хигиена и здравствена екологија, микробиологија со паразитологи и социјална медицина, учествуваа на 58 ми Денови на превентивна медицина – Меѓународен конгрес во Ниш, Србија.
На конгресот беа презентирани четири научно-стручни трудови, во кои специјалистите од ЦЈЗ Битола учествуваат како автори.
Активното учество на докторите претставува значаен придонес во размената на стручни знаења и искуства, презентацијата на професионалната работа и унапредувањето на превентивната медицина и јавното здравје.