ЦЈЗ Битола активно на терен – 11 ти ден од градска есенска дератизација

 

Дератизацијата е важна превентивна мерка за заштита на јавното здравје, со кој се контролира популацијата на глодари. Голдарите можат да пренесуваат различни заболувања и да ја контаминираат животната средина, поради што нивната навремена и систематска контрола е значаен дел од превенцијата.

            Екипите на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола и денес се на терен, 11 – ти ден од спроведување на предвидените акивности за контрола на глодарите како дел од есенската градска дератизација на подрачјето на Општина Битола. Работата на терен опфаќа поставување, следење и контрола на средствата за дератизација на соодветно определени места, со цел да се постигне ефикасна и континуирана контрола на популацијата на глодарите.

            Зошто е важна дератизацијата?

            Присуството на глодари во градската средина е поврзано со достапноста на храна, вода и места на засолнување. Затоа, покрај професионалната работа на стручните екипи, значајна е и одговорноста на секој граѓанин.

            Правилното одложување на отпадот, одржувањето на чисти површини и неизложувањето храна околу контејнерите помагаат да се намалат условите погодни за појава и размножување на глодарите.

            ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола продолжува со активна работа на терен, затоа што превенцијата и навремената контрола се најважниот чекор во заштита на јавносто здравје.

За почиста, поздрава и побезбедна Битола, Центар за јавно здравје работи на терен.