Акциски план за справување со последиците од топлотните бранови
Во текот на вчерашниот ден, 27.05.2025 год., во Скопје, во организација на Институтот за јавно здравје и Канцеларијата на Светската Здравствена Организација се одржа Работилница за имплементација на Акцискиот план за справување со последиците од топлотните бранови во Република Македонија.
Целта на работилницата беше унапредување на институционалната подготвеност и меѓусекторската координација за ефективно спроведување на Акцискиот план, кој беше усвоен од страна на Владата во април 2025 година.
На работилницата беа претставени главните компоненти на Планот, улогите на институциите и се водеше дискусија за конкретните активности, одговорности и механизми за заедничка акција.
Д-р Светлана Поповска Кљусева ВД Директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола активно учествуваше на работилницата претставуваќи ја установата како една од клучните институции за спроведување на акцискиот план.
Add reaction
|


