Во пресрет на светскиот ден на дијабетесот 14 Ноември
Во пресрет на 14 ноември Светскиот ден на дијабетесот ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола и Здружение на лекари – Битола во соработка со фармацевтската куќа ВАРУС Скопјеорганизира струченсостанокза лекаритена тема “Менаџирање на пациенти со дијабетес и кардиоваскуларни заболувања”. Настанот се одржа на 04 октомври (петок) 2024 година во 19:00 часот во просториите на ЈОУ Културен и информативен центар Битола “Офицерски дом”, а на настанот активно учество зедоа:
• Проф. д-р Татјана Миленковиќод Клиника за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот, Скопје; со предавање на тема“Метформин XR – Бенефит од континуирана терапија”
• Д-р Елена Шишковска Степановска од ПЗУ Болница Плодност, Битоласо предавање на тема “Механизми и дејство на Бисопрололот и неговата улога во третманот на кардиоваскуларните заболувања”
• Д-р Јован Тодоровски од Центар за Јавно здравје, Битола со предавање на тема “Правилно евидентирање и дистрибуција на Diabetes mellitus во регионот на ЈЗУ ЦЈЗ Битола”
Целта на овој стручен состанокбеше да се информираат лекарите за превенцијата и третирањето на дијабетесот, како и да се нагласи важноста на истражувањата и новите терапии. Одбележувањето вклучуваше активности како јавни кампањи, здравствени прегледи и работилници, со цел да се подигне свеста за ризиците поврзани со дијабетесот и да се охрабрат луѓето да се грижат за своето здравје.