Долг живот за сите
Под мотото “Долг живот за сите“ Центарот за јавно здравје- Битола, активно се вклучи во одбележувањето на Европската недела на имунизација од 24 до 30 април 2022.
Европската недела на имунизација традиционално се одбележува со цел подигнување на свесноста за вакцините како најдобра превентивна мерка за заштита на населението од заразни заболувања, а воедно за зачувување и одржување на колективниот имунитет.
Центарот за јавно здравје- Битола во соработка со Здравствен дом- Битола како и организацијата Урбан Баир, зеде активно учество во одбележувањето на оваа Европската недела на имунизација со пребарување на невакцинирани лица во населбата Баир како и со делење на пропагандни материјали.
Клучните пораки за овогодинешната недела на имунизација се:
- Долг живот за сите не е ветување, тоа е амбиција- затоа што секој заслужува шанса за исполнет живот.
- Вакцините неселективно спасуваат животи од 1798 година. Првата имунизација против голема сипаница им даде на сите, за прв пат, фер шанса против таа разорна болест.
- Вредноста на вакцините не се мери во дадените дози, туку во подолгите и поздравите животи.
- Вакцините даваат можност и надеж за сите нас да уживаме во поисполнет живот, и тоа е нешто за што сите треба да се бориме.
- Вакцините се една од највлијателните научни иновации на сите времиња, помагајќи да се зашти генерација по генерација од многу заразни болести.
- Денес родителите имајќи пристап до вакцини не треба да стравуваат за нивните деца за болести кои ги мачеа минатите генерации.
ЕВРОПСКИ РЕГИОН
- Европскиот регион го одржува својот статус без детска парализа од 2002 година.
- 29 од 53 земји во регионот го елиминираа ендемичното ширење и на малите сипаници и на рубеолата.
- Епидемии на дифтерија не се пријавени во регионот од раните 1990-ти.
- Над 600 милиони луѓе во европскиот регион се вакцинирани против КОВИД-19, со што се спасиле голем број животи. Студијата на СЗО/ Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) процени дека 470.000 животи биле спасени меѓу лицата на возраст од 60 години и повеќе во првите 11 месеци од вакцинирањето против КОВИД-19 во 33 земји низ Европскиот СЗО Регион.
- За време на пандемијата, стапката на вакцинација кај децата се намали во неколку европски земји. Многу е важно децата кои пропуштиле некои дози на вакцини да се вакцинираат со цел за да спречат појава на смртоносни болести.