Започнува вакцинација против сезонски грип

Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека од денес, 19.10.2022 год. започна вакцинацијата против сезонски грип.

Бесплатната вакцинација е наменета за следните ризични групи:

  • Лица на возраст над 65 години
  • Лица со хронични заболувања
  • Здравствени работници
  • Бремени жени
  • Деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

Сите заинтересирани претходно треба да бидат регистрирани на vakcinacija.mk и да го почитуваат терминот кој ќе го добијат во порака на мобилен телефон.

Покрај бесплатни вакцини, за останати заинтересирани лица располагаме и со комерцијални вакцини кои чинат 800,00 ден.

Работно време:
Бесплатни вакцини од понеделник до петок, од 7.30 до 19.00ч, соба бр. 9 и 10, на втор кат

Комерцијални вакцини – од понеделник до сабота од 7.30 до 13.30ч, соба бр.1, втор кат
ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола