За нас

Центар за јавно здравје Битола, како дел од здравствениот систем во Република С. Македонија, од областа на превентивна медицина, има за цел заштита и унапредување на здравјето на луѓето, преку превземање мерки и активности за спречување и сузбивање на заболувањата кај населението. Тие мерки и активности опфаќаат следење, истражување и проучување на здравствената состојба на населението, причините за појавата и ширењето на заразните и други болести што имаат социјално – медицинско значење , како и влијанието на негативните фактори врз здравјето, предлагање и преземање на мерки заради заштита и унапредување на здравјето на луѓето.

Визија

Врвна и препознатлива јавно здравствена установа која го следи развојот на современите научни достигнувања, технологии и перманентно го унапредува својот квалитет на работење.

Мисија

Континуирано и професионално унапредување во работата на сите дејности засновано на непристасност, доверливост на сите информации добиени при работата, посветеност и одговорност на сите вработени бидејќи: 

"ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ Е НАША ЗАЕДНИЧКА ЦЕЛ"

Политика за Квалитет

Со долгогодишното искуство и професионален ангажман на персоналот успешно се применува, одржува и подобрува системот за управување со квалитет и техничката компетентност, согласно MKC EN ISO/IEC 17025:2018

Основните принципи на Политиката за квалитет се:

  • Секој донесен примерок да биде тестиран со највисоко ниво за квалитет.
  • Да се исполнат во целост барањата на пациентите/корисниците со почитување на законската регулатива и стандардите и со постојана грижа за веродостојноста на резултатите.
  • Односот со пациентите/корисниците, органите на управата и Институтот за акредитација на Република С.Македонија, да се одржува со почитување и взаемна доверба.
  • Нивото на квалитет и задоволувањето на потребите на пациентите/корисниците постојано да се подобрува со развој и примена на нови методи и технологии во работата.
  • Со својата професионална ангажираност, целиот персонал вклучен во тестирањето, максимално да придонесува во исполнувањето на барањата за квалитет и техничка компетентност, дефинирани во политиката и документите за квалитет.

Регион што го покрива ЈЗУ ЦЈЗ Битола

Дејности на ЈЗУ ЦЈЗ Битола

  •        Санитарно – хигиенската 
  •        Епидемиолошката 
  •        Микробиолошката  и
  •        Социјално – медицинската дејност.