Здрави почетоци, надежна иднина 7 Април 2025 година
Оваа година,Светскиот ден на здравјето, 7 април, ќе започне со кампања која ќе трае цела година и ќе се фокусира на здравјето на мајките и новороденчињата. Кампањата, со наслов “Здрави почетоци, надежна иднина”, имаза цел да ги поттикне владите и здравствената заедница да ги зголемат напорите за спречување на смртни случаи на мајки и новороденчиња,кои можат да се избегнат, како и да дадат приоритет на долгорочна здравствена состојба и благосостојба на жените.
Центарот за јавно здравје Битола, во соработка со СЗО и други партнери, ќе обезбеди корисни информации за поддршка на здрави бремености, породувања и подобро постнатално здравје.
Помагање на секоја жена и бебе да преживеат и напредуваат
Оваа задача е клучна. За жал, според моменталните проценки, близу 300.000 жени го губат својот животпоради бременост или породување секоја година, додека над 2 милиони бебиња умираат во првиот месец од животот, а околу 2 милиони други се раѓаат мртви. Тоа е приближно една смрт која може да се спречи на секои 7 секунди.
Според тековните трендови, во шокантни 4 од 5 земји се на пат да не ги исполнат целите за подобрување на преживувањето на мајките до 2030 година. Една од три земји нема да ги исполни целите за намалување на смртноста на новороденчињата.
Слушање на жените и поддршка на семејствата
Жените и семејствата ширум светот имаат потреба од висококвалитетна нега која ги поддржува физички и емотивно – пред, за време и по породувањето.
Здравствените системи мора да се развиваат за да се справат со многуте здравствени проблеми кои влијаат на здравјето на мајките и новороденчињата. Овие не вклучуваат само директни акушерски компликации, туку и ментални здравствени проблеми, незаразни болести и планирање на семејство.
Клучни пораки
СЗО повикува на глобално обновување на напорите за обезбедување на висококвалитетна нега за жените и бебињата. Жените треба да имаат пристап до здравствени работници кои ги слушаат нивните загрижености и ги задоволуваат нивните потреби, за да можат да ги планираат своите животи и да го заштитат своето здравје.
· Спречување на смртни случаи. Смртните случаи на мајки и новороденчиња можеме да ги спречиме. СЗО повикува на напори за обезбедување нега, особено во сиромашните земји и хуманитарни кризи, таму каде што се случуваат и најголемиот број на смртни случаи;
· Потребни се клучни инвестиции. Покрај спасувањето на животи, потребни се инвестиции за долгорочно подобрување на здравјето на жените, особено по бременоста, кога многу жени немаат поддршка;
· Подобрување на правата на жените и девојките. Подобро здравје на мајките значи подобрување на правата на жените и девојките, што е клучно за намалување на смртноста и постигнување здравје за сите.
Пораки кон носители на политики
1. Пораки за спречување на смртни случаи кои можат да се избегнат
· Постигнувањето на целите е возможно: Искуствата од светот покажуваат дека можеме да ги спречиме смртните случаи на мајки и новороденчиња. Овие инвестиции не се само за преживување, туку за создавање надежна иднина за жените и нивните деца;
· Инвестирање во човечки капитал: Во земјите со низок и среден доход, секој инвестирани 1 долар во здравјето на мајките и новороденчињата носи околу 9 до 20 долари враќање. Овие инвестиции водат до економски развој и подобро здравје;
· Никој не смее да биде заборавен: Во хуманитарни вонредни состојби и кревки средини, насочувањето на интервенциите ќе биде клучно за намалување на смртноста на мајките и новороденчињата.
2. Инвестиции со голем ефект
· Антенатални прегледи: Висококвалитетните антенатални услуги, најмалку осум прегледи и ран ултразвук, се есенцијални за здрави бремености, намалување на ризиците и откривање на компликации. До 15% од бремените жени развиваат опасни компликации;
· Живото спасувачка нега: Најмалку 70% од смртните случаи на мајки се поради компликации како крварење и прееклампсија. Квалитетна нега за време и по породувањето е клучна за спасување животи;
· Индиректни причини: Инфективни болести и здравствени состојби како анемија и ХИВ се причина за една четвртина од смртноста на мајките. Подобрувањето на нега и рано откривање на овие состојби е од голема важност;
· Непосредна нега за новороденчиња: Смртноста на новороденчињата претставува половина од смртноста на деца под 5 години. Сите бебиња имаат есенцијална потребна нега при раѓањето и во првиот месец од животот;
· Внимание на ранливите бебиња: Компликациите од предвремено раѓање и ниска тежина се водечка причина за смртност. Потребни се инвестиции во специјализирани одделенија за нега и брзи упатувања;
· Фокус на акушерки: Моделите на акушерска нега со продолжена поддршка покажуваат подобрување на преживувањето и намалување на прерани раѓања. Инвестирање во добро обучени акушерки е ефективна стратегија;
· Пристап до планирање на семејство: Приближно 218 милиони жени во земјите со низок и среден доход имаат потреба од контрацепција. Решавањето на оваа потреба може да ја намали непланираната бременост;
· Решенија во економии сонизок доход: Потребни се истражувања за економски ефективни решенија за смртноста на мајките и новороденчињата во посиромашни земји.
3. Повеќе од преживување
· Нега (сочувство и почитување): Услугите не само што треба да бидат безбедни и ефективни, туку и да обезбедат, жените, новороденчињата да се третирани со достоинство, емпатија и почит. Ова вклучува сочувствителна нега за оние погодени од мртвородени и спонтаниаборти – што бара специјализирана обука за здравствените работници и советување за оние кои имаат потреба;
· Поддршка по породувањето: Околу една третина од жените страдаат од долгорочни здравствени компликации по породувањето, што може да ги зголеми ризиците при идни бремености. Проценето е дека до 20% од новите мајки страдаат од депресија или анксиозност по породувањето. Интегрираниот пристап комбинира физичката, менталната и социјалната поддршка важна во овој период;
· Политики – пријателски кон семејството: Политиките и законите кои се пријателски насоченикон поддршка на семејството се клучни за да се осигура дека жените имаат поддршка за да се грижат за своето здравје и здравјето на своите бебиња, вклучувајќи платено породилно отсуство (најмалку 18 недели, идеално 6 месеци или повеќе), правни заштити и поддршка на работното место за доење;
· Овластување на девојчиња и жени: Достапноста на образованието за девојчињата е поврзана со намалена веројатност за мајчинска смрт. Осигурувањето дека девојчињата можат да останат во училиште и да донесуваат одлуки за своето здравје и тела е клучно за подобрување на нивното здравје.
Пораки за трудници
1. Во текот на бременоста
· Барање нега: СЗО препорачува најмалку осум прегледи веднаш штом ќе дознаете дека сте бремени. Овие прегледи го следат вашето здравје, развојот на вашето бебе и откриваат можни компликации;
· Анализи и тестови: Ултразвук, урина, крв, крвен притисок, скрининг за гликоза и следење на растот на вашето бебе. Овие се од суштинско значење дури и ако се чувствувате здрави, бидејќи не сите состојби резултираат со очигледни симптоми;
· Пазете го вашето здравје: Намалете ги ризиците,одете на сите антенатални прегледи и практикувајте здрав начин на живот:
o избегнувајте тутун и злоупотреба на супстанции;
o бидете физички активни;
o вакцинирајтесе согласно препораките;
o управувајте со постоечките здравствени состојби со медицинска консултација;
o побарајте помош ако имате загрижености.
· Знаци на предупредување: Побарајте веднаш нега ако имате: вагинално крварење; болка во стомакот; заматен вид, ненадеен оток или постојана главоболка; промени во движењата на бебето; повреди на стомакот. Овие знаци не секогаш укажуваат на нешто сериозно, но најдобро е секогаш да бидат проверени;
· Движења на бебето: Обично можете да почнете да ги чувствувате движењата на вашето бебе помеѓу 16–24 недели на бременоста. Побарајте стручна помош ако движењата се намалат, запрат или станат ненадејно интензивни. Не се доверувајте на домашни апарати за следење на бебињата за проверка на срцето на бебето, бидејќи тие немаат способност да укажат на сите потенцијални проблеми;
· Знајте ги вашите права: Сите жени имаат право на безбедна и позитивна бременост, породување и постродилна нега, каде што ќе бидат третирани со достоинство и почит; ќе имаат избран придружник покрај себе; ќе уживаат во јасна комуникација од здравствените работници; ќе имаат пристап до соодветно ублажување на болката и ќе можат да се движат за време на породувањето и да ја изберат својата позиција за раѓање. Работете со вашата здравствена екипа пред очекуваниот термин за породување за да донесете одлуки и добиете совети кои ќе ве поддржат низ породувањето и понатаму.
2. По породувањето
По бременоста, многу жени се соочуваат со физички и емоционални промени, кои можат да бидат застрашувачки или збунувачки. Добро е да знаете што да очекувате по породувањето:
· Физичко оздравување: Многу жени искусуваат крварење, грчење и непријатности, како и замор. Лекувањето на болката може да помогне. Одморајте кога можете, не се обидувајте да правите премногу во првите недели, и побарајте поддршка додека се прилагодувате на грижата за вашето новороденче;
· Емоционални промени: Чувствувањето на различни емоции, вклучувајќи се и депресивни моменти, е вообичаено во деновите по породувањето. Ова се должи на хормонални промени. Ако овие чувства станат особено интензивни и/или продолжат повеќе од две недели, побарајте совет;
· Поврзување со вашето бебе:Потрошете време “кожа на кожа” за да го поттикнете поврзувањето и даја регулирате температуратана вашето бебе;
· Постпородилни прегледи: Одете на сите постпородилни прегледи за да го следите оздравувањето и да ги решите сите загрижености;
· Предупредувачки знаци: Побарајте итна помош доколку иматебило кој од следниве симптоми: силно крварење; црвени или отечени нозе; упорни главоболки; висока температура или повраќање; рани кои не заздравуваат, болки во градите, потешкотии при дишењето или конвулзии.
Ментално здравје: Побарајте совет ако се чувствувате многу тажни или загрижени. Дури 1 од 5 жени искусуваат постпородилна депресија или анксиозност. Овие состојби се вообичаени и се лекуваат со професионална поддршка. Постпородилните психози, можат да бидат многу сериозни да се појават ненадејно. Ако не се лекуваат,можат да доведат до симптомикако халуцинации, заблуди и брзо менување на расположението. Оваа состојба бара веднаш лекување.
Пораки за родители и негуватели
1. Нега на новороденче
Животот со новороденче може да биде уникатно предизвикувачки и емотивен период. Еве неколку клучни совети за поддршка на здравата иднина на вашето мало дете.
· Посетувајте здравствени прегледи: Посетете ги сите препорачани прегледи за нега на новороденче за да го следите растот и развојот на вашето бебе. Овие посети се важни за рано откривање на здравствени проблеми;
· Практикувајте безбедно спиење: Бебињата треба да спијат на грб, на цврст душек без мека постелнина, перничиња или играчки. Ова го намалува ризикот од синдром на изненадна смрт на доенче (SIDS);
· Доење: Доењето е многу корисно за вашето бебе, обезбедувајќи есенцијални нутриенти и антитела. Ако имате проблеми, побарајте помош од здравствен работник;
· Поврзување и интеракција: Времето поминато во држење, зборување и играње со вашето бебе, ќе се поттикне емоционален и когнитивен развој на вашето дете;
· Препознајте знаци на болест: Внимателно следете ги знаците кои можат да укажуваат на тоа дека вашето бебе има потреба од медицинска помош, како: температура, тешкотии при дишењето, упорни повраќања, дијареја или необична летаргија. Верувајте во вашите инстинкти и побарајте медицински совет доколку сте загрижени;
· Грижете се за своето здравје: Не заборавајте на сопственото здравје. Одморајте и побарајте поддршка ако се чувствувате преоптоварени.
Знаци за предупредување: Потреба од медицинско стручно мислење има доколку вашето новороденче има: температура; осип;модринки -поткожнокрвавење; конвулзии; тешкотии при дишење; знаци на жолтица (жолтеникава боја на кожата); упорни повраќања; дијареја, знаци на дехидрација (помалку мокри пелени, сува уста).
Верувајте во вашите инстинкти: Ако забележите нешто коеВе загрижува за вашето бебе, обратете се на здравствен работник за совет.
2. Абортус и мртвороденче
Загубата на бебе (дефинирана како спонтан абортус или мртвороденче, во зависност од тоа кога се случува во бременоста) може да се случи кај секоја бременажена.Некои фактори, како инфекции, хронични здравствени состојби, употреба на тутун и алкохол, можат да го зголемат ризикот.
За родителите кои доживеале спонтан абортус или мртвороденче:
· Признајте ја вашата жалост: Губењето бебе е уникатен вид на жалост. Важно е да признаете и да разберете дека е во ред да жалите на свој начин;
· Побарајте поддршка: Контактирајте со групи или професионалци за ментално здравје. Споделувањето на вашето искуство со професионалци може да помогне во процесот на лекување;
· Комуницирајте со блиските: Кажете им на пријателите и семејството како можат да Ви помогнат. Тие понекогаш не знаат што да кажат или да направат за вас;
· Грижете се за себе: Дозволете си време за оздравување, одморете се физички, побарајте поддршка за менталното здравје и вклучете се во активности што ви носат утеха;
· Планирајте за идни бремености, ако сакате: Ако планирате повторно да забремените, разговарајте со здравствен работник. Повеќето жени кои доживеале загуба имаат здрави бремености.
Запомнете, не сте сами. Многу луѓе поминале низ слични искуства. Ако имате загрижености или потреба, не се двоумете да се обратите на здравствен работник.
Изработил: Др.спец. Марија Врчковска
