Здравствено воспитување

1.Приоритети и активности кои се однесуваат на возрасната група 0-6 г

Здравствено воспитните  активностите на ЦЈЗ Битола се во соработка со: здравствените работници во службата која спроведува  здравствена заштита на мали деца, персоналот во  установи за престој на доенчиња и мали  деца и др.
Здравствено воспитната активност ќе биде насочена кон следните теми:
   – улогата  на мајките во правилната нега и исхрана на доенчињата и малите деца,
   – превенцијата на рахитисот и рано откривање
   – превенцијата на повредите и забниот кариес
   – имунизација и нејзино значење
   – особености на најчестите заболувања кај доенчиња и превенција
   – физички активности кај предшколски деца

2.Приоритети и активности кои се однесуваат на возрасната група, училишни деца и младина  7-19год.

Здравствено воспитните  активностите на ЦЈЗ Битола се во соработка со: здравствените работници во службата која спроведува  здравствена заштита на  училишни деца и младина, психолози, педагози во образовните установи.
Здравствено воспитната активност ќе биде насочена кон следните здравствени проблеми :
   – болести на зависност-алкохолизам,пушење и наркоманија;
   – деформитети на рбетниот столб и градниот кош;
   – дентален кариес;
   – последици од неправилна исхрана;

3.Приоритети и активности кои се однесуваат на женското население во генеративниот период

– здравствено воспитните  активности се во врска со превенцијата на малигните заболувања  согласност со за тоа изготвени  програми.

4. Приоритети и активности кои се однесуваат на целокупното возрасно  население на подрачјето на ЦЈЗ Битола

   – превенција на респираторните заболувања,
   – превенција кардиоваскуларните заболувања,
   – превенција малигните заболувања,
   – по превенција вредите,
   – превенција болестите на дигестивниот систем  и др.