ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕВЕНТИВНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО ОПШТИНA КИЧЕВО

 

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола ги известува граѓаните дека во август 2026 година ќе се спроведе превентивна систематска дезинсекција против комарци на подрачје на  Општина Кичево, како општа противепидемиска мерка за заштита на населението од заболувања кои се пренесуваат преку вектори.

Во Општина Кичево, втората фаза ќе се спроведе на 19 и 20 август 2026 година, во вечерните часови.

Третирањето ќе се врши со УЛВ апаратура од возило, при што ќе бидат опфатени зелените површини, водотеци, застојни води, канални системи, урбани населби и други потенцијални жаришта за развој и размножување на комарците.

Ќе се користи препаратот AQUA K-OTHRINE, со активна супстанца DELTAMETRIN.

Во случај на неповолни временски услови, односно дожд или ветер, активностите ќе бидат одложени за првиот поволен ден.

За дополнителни информации: 047 208-100 и 047 208-120.