ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ПРЕТСТОЈНАТА ВТОРА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНАТА СИСТЕМАТСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР


Ве известуваме дека во деновите 11.07.2023 (вторник) и 12.07.2023 (среда), екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведуваат ВТОРАТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 21:00 до 04:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи  друго возило означено со ротационо светло. 

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реките и водотоците, застојни води и подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Д.Хисар, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Во случај на појава на неповолни временски услови(ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.  

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје Битола 047 208-100, 047 208-120.

  ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола