ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ПРЕДСТОЈНАТА ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА НА ОПШТИНА БИТОЛА
Се информираат граѓаните на Општина Битола дека во период од 14.10.2024 до 28.10.2024 год., екипи на Центарот за јавно здравје во Битола ќе спроведуваат активности на теренот во смисол на спроведување на втора фаза од превентивната систематска дератизација т.е. поставување на отровни мамци за уништување на глодари(глувци).
Со дератизацијата ќе бидат опфатени:
Подземниот канализационен систем со ревизионите и прифатните шахти во сите реони на градот:
Прифатниот канализацијски систем во околината на објекти од посебенјавен интерес: детски градинки, основни, средни и високо образовни институции, домови за сместување и престој на ученици и студенти, домови за сместување на стари и изнемоштени лица, домови за деца без родители и за деца со посебни потреби, медицински установи, јавни претпријатија, банки, објекти од областа на културата, објекти на локалната самоуправа и др.
Прифатен канализационен систем на колективните станбени објекти во наведените локации;
Дератизација на јавната депонија Мегленци и диви депонии во градот.
Екипите и активностите на теренот ќе бидат обележани и заштитени со знаци за предупредување на ЈЗУ ЦЈЗ Битола и ЈП Нискоградба.
Со цел успешно спроведување на дератизација како и да се избегнат евентуалните несакани последици граѓаните треба да ги превземат следните мерки:
• граѓаните, а посебно учесниците во сообраќајот на екипите од Центарот за јавно здравје да им овозможат непречен пристап до шахтите;
• во текот на спроведување на дератизацијата да се оневозможи пристап на населението до местата каде е спроведен и означен дератизациониот процес;
• строго се забранува контакт, преместување и отстранување на родентицидните мамци;
• да се оневозможи контакт на домашните животни и миленици со родентицидните мамци;
• граѓаните ѓубрето од своите домови да не го растураат вон контејнерите;
• доколку дојдат во контакт со мртви глодари да не ги фаќаат и фрлаат, туку да се јават во отсекот за ДДД во Центарот за јавно здравје Битола.
Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки Центар за јавно здравје Битола се оградува од секаква одговорност од појава на несакани последици.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047 208-100, 047 208-120.
ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола