ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СO ПРЕДСТОЈНАТА ПРЕВЕНТИВНА ЛАРВИЦИДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ЛАРВИТЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА БИТОЛА И ОПШТИНА НОВАЦИ

Ве известуваме дека деновите 29.05.2023 год. во Општина Битола и 30.05.2023 во Општина Новаци, екипа на Центарот за јавно здравје – Битола ќе спроведува ЛАРВИЦИДНАТА ПРЕВЕНТИВНА теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвните облици на комарците. Запрашувањето ќе се врши во предпладневните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. 

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојни води, реки, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали и др. кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општините.
Во случај на појава на неповолни временски услови(ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. 

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047 208-100 и 047 208-120.