ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ПРЕДСТОЈНАТА ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА НА ОПШТИНА НОВАЦИ

Се информираат граѓаните на Општина Новаци дека на ден 05.10.2023 год. екипи на Центарот за јавно здравје во Битола ќе спроведуваат активности на теренот во смисол на спроведување на втора фаза од превентивната систематска дератизација т.е. поставување на отровни мамци за уништување на глодари (глувци). 

Со дератизацијата ќе бидат опфатени:

*Дератизација на подземниот  канализациски систем во Село Новаци   

*Дератизација на прифатниот канализационен систем на инфестирани објекти од посебен јавен интерес:

Детски градинки:

-Центар за ран детски развој “Бамби”;

-Воспитно образовни институции:

-ЦОУ “ Славко Лумбарковски”

Здравствени установи:

Амбуланта во с.Новаци;

Останати објекти во градот од јавен интерес:

Објект на локална самоуправа, Полицијска станица, Објект на пошта.    

*Дератизација на јавната депонија ²Мегленци²

Екипите и активностите на теренот ќе бидат обележани и заштитени со знаци за предупредување на ЈЗУ ЦЈЗ Битола и ЈП Нискоградба.

Со цел успешно спроведување на дератизација како и да се избегнат евентуалните несакани последици граѓаните треба да ги превземат следните мерки:

• граѓаните, а посебно учесниците во сообраќајот на екипите од Центарот за јавно здравје да им овозможат непречен пристап до шахтите;

• во текот на спроведување на дератизацијата да се оневозможи пристап на населението до местата каде е спроведен и означен дератизациониот процес;

• строго се забранува контакт, преместување и отстранување на родентицидните мамци;

• да се оневозможи контакт на домашните животни и миленици со родентицидните мамци;

• граѓаните ѓубрето од своите домови да не го растураат вон контејнерите;

• доколку дојдат во контакт со мртви глодари да не ги фаќаат и фрлаат, туку да се јават во отсекот за ДДД во Центарот за јавно здравје Битола.

 Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки Центар за јавно здравје Битола се оградува од секаква одговорност од појава на несакани последици.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047 208-100, 047 208-120.

                                                                                                                                                                                                    ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола