ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ПРЕДСТОЈНАТА ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА НА ОПШТИНА НОВАЦИ И ОПШТИНА МОГИЛА

Се информираат граѓаните на Општина Новаци  и Општина Могила дека на ден 09.05.2024 год. , екипи на Центарот за јавно здравје – Битола ќе спроведуваат активности на теренот во смисол на спроведување на прва фаза од превентивната систематскадератизација т.е. поставување на отровни мамци за уништување на глодари(глувци).                                    

Екипите и активностите на теренот ќе бидат обележани и заштитени со знаци за предупредување на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола.                                     

Со цел успешно спроведување на дератизација како и да се избегнат евентуалните несакани последици граѓаните треба да ги превземат следните мерки:

граѓаните, а посебно учесниците во сообраќајот на екипите од Центарот за јавно здравје да им овозможат непречен пристап до шахтите;

во текот на спроведување на дератизацијата да се оневозможи пристап на населението до местата каде е спроведен и означен дератизациониот процес;

строго се забранува контакт, преместување и отстранување на родентицидните мамци;

да се оневозможи контакт на домашните животни и миленици со родентицидните мамци;

граѓаните ѓубрето од своите домови да не го растураат вон контејнерите;

доколку дојдат во контакт со мртви глодари да не ги фаќаат и фрлаат, туку да се јават во отсекот за ДДД во Центарот за јавно здравје Битола.                                          

 Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки Центар за јавно здравје Битола се оградува од секаква одговорност од појава на несакани последици.                                        

Во случај на неповолни временски услови (дожд), дератизацијата ќе биде одложена за следниот работен ден.                                    

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047 208-100, 047 208-120.

 ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола