ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ПРЕТСТОЈНАТА ПРВА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНАТА СИСТЕМАТСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на РСМ, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Демир Хисар за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Демир Хисар како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола го издава следново соопштение:

Ве известуваме дека во деновите 31.05.2023 (среда) и 01.06.2023 (четврток), екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведуваат ПРВАТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 21:00 до 04:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи  друго возило означено со ротационо светло. 

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.  

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје Битола 047 208-100, 047 208-120.