ИНФОРМАЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ
НА ПОДРАЧЈЕТО НА ЈЗУ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ БИТОЛА

 

Одделението по хигиена и здравствена екологија при ЈЗУ ЦЈЗ Битола,  континуирано во текот на цела година го следи квалитетот и безбедноста на водата за пиење од градските водоводи во градовите Битола, Демир Хисар, Ресен и Кичево, локалните селски водововоди и чешмите на подрачјето кое што го покрива.
 
Во текот на 2026 година, извршена е физичко-хемиска и бактериолошка анализа на вкупно 418 примероци на вода за пиење од градските водоводи на подрачјето на ЈЗУ ЦЈЗ Битола. Резултатите од извршените анализи покажаа 100% бактериолошка и физичко-хемиска исправност на сите испитани примероци на вода за пиење од градските водоводи, со што може да се каже дека граѓаните од регионот кој што го покрива ЦЈЗ Битола пијат безбедна вода од градските водоводи.
 
Проблем претставува водата за пиење од локалните селски водоводи, водите од крајпатните и споменичните чешми. Во текот на 2026 година, резултатите од извршената физичко-хемиска и бактериолошка анализа покажаа голем процент на бактериолошка неисправност. Изолирани се колиформни бактерии кои се индикатори на фекално загадување и пиењето на вода која содржи фекални бактерии претставува голем епидемиолошки ризик по јавното здравје на консументите.
 
Препорака при пристој на отворено и посета на планински, излетнички и туристички места задолжително носење и пиење на флаширана вода или вода наполнета во чиста амбалажа во домовите доколку се приклучени  на градски водовод. Исправноста на водата за пиење не може да се одреди со око, мисрисот и вкусот на бактерилошки неисправните води за пиење е својствен, не е променет.
 
 
Изработил:
д-р сци. Емилија Богоевска
специјалист по хигиена
Раководител на одделение за хигиена и здравствена екологија