Информација

Почитувани,
Ве известуваме дека првата фаза од превентивната систематска дезинсекција за уништување на возрасни форми на комарци на подрачјето на Општина Битола која требаше да се спроведува во периодот од 06.06.2022 (понеделник) до 10.06.2022 (петок) год., е одложена поради неповолни временски услови (дожд, ветер). Истата ќе започне со стабилизирање на временските услови, со цел ефективност и ефикасност на постапката. За почетокот на првата фаза од адултицидната дезинсекција ќе бидете навремено информирани.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047/208-100 и 047/208-120.

ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола