Од денес ( 17.05.2022 год.) Центарот за јавно здравје Битола почнува со реализација на првата фаза на превентивната ларвицидна дезинсекција за уништување на ларвите на комарците на подрачјето на Општина Битола

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола, како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола го издава следново соопштение:

Ве известуваме дека на ден 17.05.2022 год. екипа на Центарот за јавно здравје–Битола ќе спроведува ПРЕВЕНТИВНА ЛАРВИЦИДНА теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвените облици на комарците. Запрашувањето ќе се врши во предпладневните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојни води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали во градското подрачје и периферијата на градот кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола.

Третирањето ќе се изведува со високо селективен биолошки инсектицид на база на BIOPREN 50 LML, наменет за уништување на ларвите на комарецот од типовите Aedes и Culex (во 2 и 3 ларвен стадиум).

Со информации за активностите од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Битола известени се и медиумите, здруженијата на пчеларите, локалната самоуправа и сите останати надлежни институции. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. 

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047 208-100.

ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола