Микробиолошки Услуги

Микробиолошки испитувања

МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА

047 208-122

Работно време  – Понеделник – Петок: 
Прием на материјали: 7:00 -11:00ч
Земање на крв: 7:00 -10:00ч
Подигање на резултати: 13:00 -14:00ч

Важно

Од начинот на земање на материјалите за анализа, зависи и валидноста – точноста на добиените резултати.

Општи правила за земање на примероци од клинички материјали за микробиолошко испитување: 

1.Примерокот (материјалот) мора да потекнува од местото на инфекција, како би се открил етиолошкиот причинител;
2. Примерокот да се земе во стерилни садови, кои добро се затвораат (стерилните садови се земаат од шалтер во ЈЗУ ЦЈЗ Битола);
3. Треба да се одбегнува контаминација со физиолошка флора;
4. Садот со примерокот треба да е обележан со име и презиме на болниот;
5. Упатницата која пропратно се испраќа треба да е јасно пополнета со јасни податоци за тоа кој материјал се испраќа, каква анализа се бара, возраст, пол , дијагноза, примена терапија и друго;
6. Примерокот по правило треба да се земе пред почеток на антибиотска терапија, а ако тоа не е возможно да се наведе или наведат применетите антибиотици.

“Само со спроведување на овие препораки резултатите секогаш ќе бидат точни и сигурни ! “

Видете ја листата на Микробиолошки услуги.