Најуспешни Битолчани 2020
Традиционалната манифестација “ Избираме најуспешни битолчани 2020“, се одржа на 24 декември 2021, на која Битолски весник ги прогласи најуспешните битолчани за претхдоната година, кои со своите резултати и постигања професионално се афирмирале себе си, но ја афирмирале и Битола.
Признанието за најуспешните битолчани во областа на здравство беше доделено на вработените во ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола за нивната посветеност и пожртвуваност во борбата со пандемијата со КОВИД-19 и прва установа во регионот во која се тестира присуство на COVID – 19 со полимеразна верижна реакција, односно ПЦР – тестови како и брзи антигенски тестови и серолошки тестови за докажување на антитела.
Посебно признание за најуспешни битолчани во областа на здравство беше доделено и на м-р д-р Елена Крстевска – Келепуровска, специјалист микробиолог, основач на Лабораторијата за имунологија со молекуларна микробиологија, отворена јуни 2020 год., прва државна лабораторија вo Републиката надвор од Скопје, за детекција на вирусот SARS CoV 2. Молекуларната Микробиолошка лабораторија при ЈЗУ ЦЈЗ Битола е проектирана според европските сандарди, опремена е со најсовремена апаратура, и ги задоволува барањата за биосигурност и биобезбедност.
Посебно признание за најуспешни битолчани во областа на здравство исто така беше доделено и на м-р д-р Светлана Поповска Кљусева ,специјалист епидемиолог, која од почетокот на пандемијата со КОВИД 19 во светски рамки, појавата на првиот случај во државата, па првиот случај во Битола, активно е вклучена во сите активности поврзани со менаџирањето на болеста во регионот, превенцијата, контролата на ширењето на заболувањето, а одигра и значајна улога во поготовката на здравствените, образовните и други институции за справување со болеста.