Ноември месец на машкото здравје
Месец ноември е месец посветен на машкото здравје. Здравјето на мажите е повеќе од физичка сила – тоа е баланс помеѓу телото и умот.
Редовната физичка активност, правилната исхрана и менталното здравје се клучни за одржување на добро здравје и квалитет на живот.
Во последните години сè почесто се поврзува со машкото здравје, најмногу преку движењето „Мовембер“ (Movember). Тоа е глобална иницијатива која ги охрабрува мажите да пуштат мустаќи во текот на ноември — симбол на поддршка и подигнување на свеста за здравствените проблеми кои најмногу ги погодуваат мажите.[1]
Најчести болести кај мажите
1. Срцево-садови заболувања
- Срцев удар (инфаркт);
- Атеросклероза и висок крвен
притисок (хипертензија); - Заболувања на коронарните
артерии.
Според American Heart Association статистика за мажи покажува дека од 2015‑2018, 54,1 % од мажи на 20 години и повеќе
имале некаква форма на кардиоваскуларно заболување.[2]Срцево-садови заболувања се водечка причина за смрт кај мажите глобално. Ризикот се зголемува
со пушење, дебелина, недостаток на движење и стрес.Симптомите можат да вклучуваат болка во градите, замор, отежнато дишење и вртоглавица.
2. Рак
- Рак на простата
– најчест кај повозрасни мажи; - Рак на тестиси
– почест кај помлади мажи (20-40 години); - Рак на белите дробови
– главно поврзан со пушење; - Рак на дебелото црево
(колоректаленкарцином) – превентивните
прегледи можат да спасат животи.
Според Центарот за контрола и превенција на болести на САД (Centers for Disease Control and Prevention, CDC), рак на простата е најчест кај мажите во САД, ако не се земаат предвид немеланомските видови на рак на кожа. [3][4]За рак на тестиси, околу 9 720 нови случаи предвидени за 2025 година.[5]Раната дијагноза значително ја подобрува шансата за успешен третман.
3. Дијабетес
- Дијабетес тип 2
– чест кај мажи со седентарен начин на живот, прекумерна тежина и лоша
исхрана.
Податоците на CDC покажуваат дека од август 2021 до август 2023 година, 18,0 % од мажите над 20 години имале дијабетес, од кои 12,9 % биле дијагностицирани, а 5,1 % недијагностицирани.[6]Што би значело дека редовното проверување на гликоза во крвта е клучно за рана дијагноза.
4. Ментално здравје
- Депресија и анксиозност
- Стрес и синдром на изгорување
(burnout)
Мажите почесто го сокриваат менталното здравје и поретко бараат помош, што ја зголемува стапката на самоубиство
Според Anxiety and Depression Association of America (ADAA),речиси 1 од 10 мажи доживува депресија или анксиозност, но помалку од половината добиваат третман.[7] Според CDC, 8,5 % од мажите над 18 години имале дневни чувства на анксиозност или депресија.[8] Истражувањето во Полска покажува дека симптоми на депресија имале 12,5 % од мажите, а анксиозност 21,9 %.[9] За синдромот на согорување (burn-out), студија во Шведска покажала стапка кај мажи од околу 10 %кај работоспособна популација.[10]
Најчестите и најопасни заболувања кај мажите се поврзани со срцето, рак, дијабетес и ментално здравје. Превенцијата, редовните медицински прегледи и здравите
навики можат значително да ги намалат ризиците и да го подобрат квалитетот на живот.
Важни чекори за подобро здравје:
- Редовни медицински прегледи
– Посетувајте лекар барем еднаш годишно за проверка на крвен притисок,
холестерол и гликемија и општ статус. - Физичка активност
– Комбинирајте кардио вежби со сила(за јакнење на мускулите)за да го
одржите здравјето на срцето и мускулната маса. - Здрава исхрана
– Вклучете повеќе зеленчук, овошје, целозрнести житарици и протеини; намалете
внес на преработена храна и шеќер. - Ментално здравје
– Стресот и анксиозноста можат да влијаат на физичкото здравје.
Практикувајте техники за релаксација, како медитација или физичка активност.Побарајте
помош ако се чувствувате депресивно или анксиозно. - Доволен сон
– Квалитетниот сон е неопходен за регенерација на телото и мозокот, подобрување
на расположението и концентрацијата.
Грижата за здравјето не е само одговорност – тоа е инвестиција во подолг, посилен и поздрав живот.
Референци
x
x
|
x
