Одбележување на денот за борба против хепатитис 2023

ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола во соработка и партнерство со Хепар Центар Битола, Клиничка Болница Битола,  Министерството за здравство,Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби,Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за дигестивна хирургија, Клиниката за онкологија и интервентнтна радиологија, реализираа дел од националната кампања за Скрининг на Хепатитис Б и Ц, ХИВ. По повод на оваа кампања, а со цел подигнување на свеста на населението за овие болести, ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола реализираше повеќе здравствено- воспитни активности на Плоштад Магнолија и КПУ Затвор Битола. Истовремено се спроведе и скрининг (тестирање) на населението за Хепатитис Б, Хепатитис Ц и ХИВ.

https://www.youtube.com/watch?v=bAcAVe2GGAc (Видео)