Отсек за бактериологија со паразитологија
Во лабораторијата за ентеро инфекции и урогенитални инфекции се испитуваат следните материјали:
- Фецес
- Урина
- Сперма
- Урогенитални брисеви (брис од уретра, вулва, вагина и цервикс).
Видови испитувања:
- Изолација и идентификација на Salmonella, Shigela, Clostridium defficile, Campylobacter, а кај деца ентеропатогена E. coli, Рота – Аденовируси.
- Докажување на антиген на : Helicobacter pylori, Giardia lamblia во фецес, Clostridium dificile toxin.
- Изолација и идентификација на уринарни инфекции: E.coli, Proteus spp., Enterobacter spp., Citrobacter spp., Klebsiella spp. и друго.
- Изолација и идентификација на причинители на генитални инфекции: Streptococcus agalctiae, Streptoccocus faecalis, Gardnerella vaginalis , Mycoplasma, Ureoplasma, Chlamydia и др.
- Одредување на осетливоста на изолираните соеви спрема одредени антибиотици (антибиограм) со диск – дифузиона метода.
Во лабораторијата за респираторни и интрахоспитални инфекции се испитуваат следните материјали:
- Брисеви од грло, нос, коњуктиви, уши, рани, пунктати, абсцес и др.
- Трахеален аспират, искашлок, бронхијален секрет.
- Крв за хемокултура.
- Ликвор.
- Брисеви од работни површини, предмети и друг болнички материјал за контрола на стерилност, по Програма за интрахоспитални инфекции.
- Контрола на стерилност на физиолошки и други медицински раствори.
- Биолошка контрола на стерилност на сува и влажна стерилизација.
Видови испитувања:
- Изолација и идентификација на аеробни и анаеробни бактерии: Staphylococcus aureus, Streptococcus pyogenes (A, B, D), Streptococcus pneumoniae, Haemophilus influenzae, Moraxella (Branchamella) catarrhalis, Neisseria meningitidis, Bacteroides spp., Candida species, Aspergillus spp. итн.
- Одредување на осетливост на изолираните бактериски видови, спрема одредени антибиотици (антибиограм) со диск – дифузиона метода и VITEK 2 идентификација (BioMerieux – Франција).
Идентификацијата на бактериските видови во овие лаборатории се врши со современа дијагностика (VITEK 2 – идентификација), високо селективни подлоги, комерцијални Slidex тестови итн.
Општи правила за земање на примероци од клинички материјали за микробиолошко испитување:
НАПОМЕНА: Од начинот на правилно земање на материјалите за анализа, зависи и валидноста – точноста на добиените резултати. За таа цел треба да се води сметка за:
1. Примерокот (материјалот) мора да потекнува од местото на инфекција, како би се открил етиолошкиот причинител.
2. Примерокот да се земе во стерилни садови, кои добро се затвораат (стерилните садови се земаат од шалтер во ЈЗУ ЗЗЗ Битола).
3. Треба да се одбегнува контаминација со физиолошка флора.
4. Садот со примерокот треба да е обележан со име и презиме на болниот.
5. Упатницата која пропратно се испраќа треба да е јасно пополнета со јасни податоци за тоа кој материјал се испраќа, каква анализа се бара, возраст, пол , дијагноза, примена терапија и друго.
6. Примерокот по правило треба да се земе пред почеток на антибиотска терапија, а ако тоа не е возможно да се наведе или наведат применетите антибиотици.
Само со спроведување на овие препораки, резултатите секогаш ќе бидат точни и сигурни.