Полагање на стручен испит

Медицински лаборантски техничари
Виши санитарни техничари – лабораториски техничари
Висока – специјалист лабораториски аналитичар

Од 2005 година во надлежност на Центрите за јавно здравје во Република Македонија премина и организацијата и полагањето на стручниот испит (т.н.државен испит) на лицата што завршиле средно, више и високо образование од областа на медицината на територијата на Р.Македонија со следниве занимања:
 
  • Медицински лаборантски техничари.
  • Виши санитарни техничари – лабораториски аналитичари.
  • Висока – специјалист лабораториски аналитичар. 

 За таа цел, а во согласност со Законот за здравствена заштита на РМ, при ЈЗУ ЦЈЗ Битола формирана е Комисија за полагање на стручни испити.

Потребна документација за полагање на стручен испит:

  • диплома – уверение за завршено образование.
  • лична карта.
  • стажантска книшка.
  • уплатница од 6.000 денари.
  • пријава.

 “По поднесувањето на пријавата, на кандидатот веднаш ќе му биде закажан термин за полагање.  Полагањата се одржуваат секоја последна среда во месецот во 16 часот.”