Превентивна систематска дезинсекција на Општина Битола 2019 година

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола, како општа противепидемијска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола во периодот од 11.05.2019 до 18.05.2019 година ќе ја спроведува превентивната систематска  дезинсекција на Општината.

[columns] [span6]

 

На ден 11.06.2019 год. во претпладневните часови екипа  на Центарот за јавно здравје – Битола  спроведе ЛАРВИЦИДНАТА ПРЕВЕНТИВНА теристичката дезинсекција со цел уништување на ларвените облици на комарците. Запрашувањето се вршеше  со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.

Третирањето беше изведено со високо селективен биолошки инсектицид на база на спори од Bacillus thuringiensis, наменет за уништување на ларвите на комарецот од типовите Aedes I Culex (во 2 и 3 ларвен стадиум), со концентрација од 2 л/ХА.

[/span6][span6]

LarvMosquito

[/span6][/columns]

Активностите продолжуваат  во периодот од 11.06.2019  до 18.06.2019 год,  кога екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведуваат ПРВАТА ФАЗА од теристичката(од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето  се врши во периодот од 19.00 до 02.00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи  друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градското подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола.

[columns] [span4]

 

IMG-e0a944f59fffbf826eb7548fe3e9d35d-V

[/span4][span8]

 

 

Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

Со информации за активностите од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Битола известени се и медиумите, здруженијата на пчеларите,  здравствените институции, локалната самоуправа и сите останати надлежни институции. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

 

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 208-100, 208-101.

[/span8][/columns]

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *