ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА НА ГРАД БИТОЛА

Се информираат граѓаните дека во периодот од 03.10.2022 год. до 17.10.2022 год, екипи на Центарот за јавно здравје ќе спроведуваат активности за превентивната систематска дератизација т.е.поставување на отровни мамци за уништување на глодари (глувци)- ВТОРА/ЕСЕНСКА ФАЗА.

Екипите и активностите на теренот ќе бидат обележани и заштитени со знаци за предупредување на ЈЗУ ЦЈЗ Битола и ЈП Нискоградба.
Со цел успешно спроведување на дератизација како и да се избегнат евентуалните несакани последици граѓаните треба да ги превземат следните мерки: граѓаните, а посебно учесниците во сообраќајот на екипите од Центарот за јавно здравје да им овозможат непречен пристап до шахтите;
во текот на спроведување на дератизацијата да се оневозможи пристап на населението до местата каде е спроведен и означен дератизациониот процес;
строго се забранува контакт, преместување и отстранување на родентицидните мамци;
да се оневозможи контакт на домашните животни и миленици со родентицидните мамци;
граѓаните ѓубрето од своите домови да не го растураат вон контејнерите;
доколку дојдат во контакт со мртви глодари да не ги фаќаат и фрлаат, туку да се јават во отсекот за ДДД во Центарот за јавно здравје Битола.

Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки Центар за јавно здравје Битола се оградува од секаква одговорност од појава на несакани последици.

За сите информации и прашања отворени телефони за контакт во Центарот за јавно здравје се 047 208-100, 047 208-120.

ЈЗУ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ- БИТОЛА