ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП
ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола ги информира граѓаните дека е активно пријавувањето за вакцинација против сезонски грип.
Заинтересираните лица можат да се пријават за вакцинација преку официјалната интернет-страница на следниот линк:
https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu
По извршената пријава, лицата треба да го следат добиениот термин и да дојдат во ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола во закажаното време, со цел да ја примат вакцината против сезонски грип.
Вакцинацијата е една од најефикасните мерки за превенција од сезонскиот грип и за намалување на ризикот од потешки форми на заболувањето и неговите компликации.
Заштитете го своето здравје – пријавете се навреме за вакцинација!
